Ферари

Леклер: Не сум прв пилот на Ферари

Иако во последно време бележи подобри резултати од клупскиот колега Себастијан Фетел, младиот пилот на Ферари, Шарл Леклер, вели дека не е главен возач во италијанскиот тим во Формула 1.

Леклер кој победи на трките во Белгија и Италија, тврди дека ништо не е променето во односите во тимот и неговиот статус во „црното коњче".

„Не се чувствувам како прв пилот во тимот. Не знам како ви изгледа од надвор, но внатре во тимот, сè е избалансирано. Имаше ситуации кога му помагав на Себастијан, некогаш тој ми помагаше мене. Само така тимот може да оди напред. Ако имап пилот кој е егоист и се интересира само за себе, тоа не е добро" – изјави Леклер. 

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе