Формула 1

Леклер доминира во квалификациите, страшен круг за пол-позиција во Азербејџан

Шарл Леклер стигна до четвртата пол-позиција во низа и шеста оваа сезона откако беше најдобар во квалификациите на ГН на Азербејџан, возачот на Ферари имаше страшен круг и време од 1:41.359.

Шарл Леклер продолжува да доминира во кавлификациите, возачот на Ферари попладнево беше најдобар во Баку за четврта пол-позиција во низа и шеста оваа сезона.

Слободните тренинзи и првите две сесии од квалификациите навестуваа интересна и неизвесна битка, но Шарл Леклер на крајот имаше страшен круг и ја збриша конкуренцијата.

Со време од 1:41.359 тој беше половина секунди побрз од својот тимски колега Карлос Саинц, кои беше на провизорната пол-позиција по првите кругови во третата сесија од квалификациите.

Серхио Перез со време од 1:41.641 се избори за старт во првиот ред покрај Шарл Леклер, додека пак Макс Верстапен со постигнување од 1:41.706 имаше трето најдобро време.

Џорџ Расел беше најдобар од останатите, а потоа следуваа Пјер Гасли, Луис Хамилтон, Јуки Цунода, Себастијан Фетел и Фернандо Алонсо.

Безбедноста, енергијата и миграцијата се три приоритети со најголема важност за британските граѓани, така што тие се на и на самиот врв на мојата агенда. Затоа патувам за Прага на средбата со европските лидери.

повеќе

Камбаните бијат поради нашата некадарна дипломатија, која е професионално  одговорна за дебаклот со Договорот со Бугарија, а пред тоа за Преспанскиот договор.

повеќе

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе