Се снимаше римејк на култен филм од 1976

Леклер беснееше низ улиците на Монако со новиот ѕвер од Маранело, Ферари СФ90 страдале (ВИДЕО)

Шарл Леклер денеска беснееше низ улиците на Монако, младата ѕвезда беше зад воланот на новиот ѕвер од Маранело, Ферари СФ90 страдале како дел од римејкот на култниот филм „C'était un Rendez-vous".

Денеска на програмата во Формула 1 требаше да биде најпрестижната трка во календарот, ГН на Монако. Но поради пандемијата на коронавирус, изостанаа звуците на болидите и гламурот. Сепак, низ улиците на малото кнежевство беснееше Шарл Леклер. 

Младата ѕвезда седна зад воланот на новиот ѕвер од Маранело, Ферари СФ90 страдале, хибриден автомобил со речиси 1.000 коњски сили, кој забрзува од 0 до 100 за 2,5 секунди и има максимална брзина од преку 340 км/ч.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@carlettochanteclair) onMay 23, 2020 at 11:06pm PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Supercarsoutheast (@supercarsoutheast) onMay 24, 2020 at 12:35am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by automotive (@automotive_it) onMay 24, 2020 at 1:45am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Hello Monaco (@hello_monaco) onMay 24, 2020 at 3:04am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Romain Loulergue (@loulergue_romain) onMay 23, 2020 at 11:43pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Christophe Grenier (@ch_grenier) onMay 23, 2020 at 10:19pm PDT

Шарл Леклер всушност снимаше римејк на култниот „C'était un Rendez-vous". Во 1976 година, режисерот Клод Лелуш креираше контроверзија со краткометражниот филм во кој автомобил, пред изгрејсонце, лудува низ париските улици без какво било запирање или контрола на сообраќајот.

Минување на црвени семафори, разминување со пешаци на блиско растојание и возење во спротивен правец на едносмерни улици беа причина филмот да биде забранет за прикажување и се стекна со светска слава откако беше објавен на Јутјуб во 2003 година.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе