Поранешниот фудбалер на Јуве живее во Лос Анџелес

Легендарниот Дел Пјеро со коментар за несреќата на Тајгер Вудс: Можно е да заспал или да бил под дејство

Поранешниот фудбалер на Јувентус, Александро Дел Пјеро вели дека често вози по патот на кој излета Тајгер Вудс во Лос Анџелес, вели дека се работи за широк пат и лесен за возење.

Тајгер Вудс синоќа имаше тешка сообраќајна несреќа, неговиот автомобил излетал од патот и се превртел. Пожарникари со специјален алат го извадиле од автомобилот и тој веднаш бил пренесен во болница на операција, има посериозни повреди на десната нога. 

Легендата на Јувентус, Алекс Дел Пјеро во разговор со Скај Спорт Италија даде свое видување за несреќата. Италијанецот живее во Лос Анџелес, вели дека често вози по патот каде Тајгер Вудс излета. 

„Ги знам улиците многу добро, се наоѓаат во област каде што често одам на тренинг со мојот син. Во областа има многу добри терени за голф. Вообичаено наутро нема голема раздвиженост. Патиштата се широки и лесни за возење“ - вели Дел Пјеро. 

„Не сакам да шпекулирам, но можно е да заспал“. 

„Исто така треба да се напомене дека пред месец дена Тајгер Вудс правеше операција, па можно е да користел апчиња против болка“. 

„Секако, сето ова е нагаѓање, деталната истрага ќе покаже што точно се случило“.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе