НОВО ОДЛИЧНО ПОСТИГНУВАЊЕ НА ТИНЕЈЏЕРКАТА

Ледецки со нов светски рекорд и злато на 800 метри слободно

Кејти Ледецки сосема очекувано триумфираше на 800 метри слободно и постави нов светски рекорд

19 годишната Американка одново ја збриша конкуренцијата, пливаше со време од 8 минути, 4 секунди и 79 стотинки, и за речиси две секунди го подобри светскиот рекорд, кој исто така беше во нејзина сопственост.

За Кејти Ледецки ова беше четврто злато во Рио, односно петти медал на Олимпијадата.

Таа претходно триумфираше на 200 метри слободно, 400 метри слободно, како и на штефетата 4х200 метри слободно. Ледецки исто така беше и втора како дел од штафетата на Америка на 4х100 метри слободно.

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе