Тајфунот Хагибис го поремети Ф1 викендот во Јапонија

Квалификациите во Сузука поместени за во недела, ако не се одржат вака ќе изгледа стартниот ред (ФОТО)

Тајфунот Хагибис го поремети Формула 1 викендот во Јапонија, квалификациите се поместени за во недела наутро, но постои можност и да не се одржат и стартниот ред да биде одреден од пласманот на денешниот втор слободен тренинг.

Централните и источните делови на Јапонија овој викенд ќе бидат погодени од силниот тајфун Хагибис. Првите луѓе на Формула 1 внимателно ја следеа ситуацијата и веќе имаа подготвено сценарио во случај и патеката во Сузука да биде зафатена од невремето.

По анализа на последните информации од метеролошките служби, падна одлука да биде откажан третиот слободен тренинг, а квалификациите да бидат поместени во недела наутро (3 часот по македонско време). 

Сепак, нема никакви гаранции дека тие ќе се одржат, па доколку мора да се повлече непопуларен потег, гридот за стартот на трката ќе биде одреден од резултатите на денешниот втор слободен тренинг. 

А таму доминираше Мерцедес, „сребрената стрела“ пристигна во Сузука со неколку надградби и новитети за да стават крај на доминацијата на Ферари и Шар Леклер, кој има четири пол позиции во низа. 

Валтери Ботас беше најбрз со постигнување од 1:27.785, Луис Хамилтон имаше заостанување од 0,1 секунда, а Макс Верстапен успеа да се протне помеѓу возачи на Ферари, кои имаа прилично заостанување, особено Себастијан Фетел, кој беше речиси 0,6 секунди побавен.

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе

„Тој е бугарофил“, е сентенца-обвинување, небаре сте Евреин во (пред)нацистичка Германија. Во држава со оспорено и  „проблематично минато“, која политички и национално се одржавотвори  во виорот на Втората светска војна, национализмот кој триесет години во Македонија се продуцираше, беше одбранбен национализам.

повеќе