Тајфунот Хагибис го поремети Ф1 викендот во Јапонија

Квалификациите во Сузука поместени за во недела, ако не се одржат вака ќе изгледа стартниот ред (ФОТО)

Тајфунот Хагибис го поремети Формула 1 викендот во Јапонија, квалификациите се поместени за во недела наутро, но постои можност и да не се одржат и стартниот ред да биде одреден од пласманот на денешниот втор слободен тренинг.

Централните и источните делови на Јапонија овој викенд ќе бидат погодени од силниот тајфун Хагибис. Првите луѓе на Формула 1 внимателно ја следеа ситуацијата и веќе имаа подготвено сценарио во случај и патеката во Сузука да биде зафатена од невремето.

По анализа на последните информации од метеролошките служби, падна одлука да биде откажан третиот слободен тренинг, а квалификациите да бидат поместени во недела наутро (3 часот по македонско време). 

Сепак, нема никакви гаранции дека тие ќе се одржат, па доколку мора да се повлече непопуларен потег, гридот за стартот на трката ќе биде одреден од резултатите на денешниот втор слободен тренинг. 

А таму доминираше Мерцедес, „сребрената стрела“ пристигна во Сузука со неколку надградби и новитети за да стават крај на доминацијата на Ферари и Шар Леклер, кој има четири пол позиции во низа. 

Валтери Ботас беше најбрз со постигнување од 1:27.785, Луис Хамилтон имаше заостанување од 0,1 секунда, а Макс Верстапен успеа да се протне помеѓу возачи на Ферари, кои имаа прилично заостанување, особено Себастијан Фетел, кој беше речиси 0,6 секунди побавен.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе