Полска доминација во Гармиш-Партенкирхен, дури тројца од првите четворица скокачи беа од оваа земија.
Победи Давид Кубацки кој имаше неверојатен скок во втората серија од 144 метри, тоа е рекорд на скокалницата.
Втор беше Норвежанецот, Халвор Егнер Гранедурд, третото место го осви Пјотр Жила, четврти беше Камил Стох, а победникот од првата скокалница во Оберсдорф, Карл Гајгер беше петти.
Во генералниот пласман по првите две скокалнци прв е Гренаруд со 555 поени, втор е Гајгер со 551, трет е Стох со 548,3, четврти ие Давид Кубацки со 546,4.
Третата скокалница е на 3. јануари во Инсбрук.