Формула 1

Коронавирусот ја одложи Големата награда на Кина, Формула 1 бара нов термин

ФИА и Формула 1 попладнево соопштија дека е одложена Големата награда на Кина, која требаше да се одржи на патеката во Шангај, коронавирусот им ги помати сметките на организаторите.

Шангај на 19 април требаше да биде домаќин на најбрзиот циркус во светот, но попладнево пристигна официјална информација дека ГН на Кина се одложува.

Коронавирусот, кој до денес има однесено преку 1.100 животи, им ги помати сметките на организаторите, па сега се бара нов датум.

Една опција е ГН на Кина да се одржи во вториот дел од сезоната, но тогаш има многу трки една по друга и веројатно ќе треба да има трка три викенди по ред, што ќе преставува кошмар од логистички аспект.

Новата сезона во Ф1 почнува на 15 март со ГН на Австралија, а без ГН на Кина ќе има 21 трка.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе