Во пресрет на последната трка од сезоната

Контроверзијата продолжува, ФИА заплени делови од болид на Ферари и ќе испитува дали тимот од Маранело мами

Сезоната во Формула 1 е пред крај, познат е шампионот, и очигледно останува само да се реши дилемата дели Ферари мами и дали тимот од Маранело нашол начин да ги изигра правилата.

По летната пауза, Ферари доминираше на квалификациите, црвените болиди имаа моќни мотори и стигнаа до пет пол-позиции. Ривалите се сомневаа дека тимот од Маранело мами, па пишаа до ФИА и побараа појаснување на одредени одредби од правилата.

ФИА потоа испрати две технички директиви по кои Леклер и Фетел ја загубија предноста и повеќе не беа толку супериорен на квалификациите, па ова само ги подгреа шпекулациите дека Ферари прави нешто нелегално.

Очигледно ФИА сака да ги реши сите дилеми пред крајот на сезоната во која се е решено уште од поодамна, па по ГН на Бразил биле запленети делови од системот за гориво.

Како што пренесе новинарот Тоби Гринер од Ауто Мотор унд Спорт, биле запленети делови од болид на Ферари, од болид чиј снабдувач со мотори е Ферари и уште еден болд кој не е поврзан со Ферари. Сега ФИА ќе изведе серија тестови во своите лабаратории за да утврди дали се е по правилата.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе