Австралија Опен

Коко Гоф ја исфрли Венус Вилијамс од Австралија Опен уште во првото коло

15-годишната Коко Гоф потврди дека минатогодишната победа над Венус Вилијамс не била случајна, таа повторно ја елиминираше искусната тенисерка, овој пат од Австралија Опен. 

Венус Вилијамс е повеќе од двојно постара од Коко Гоф, но младата тенисерка покажува дека е тениска сензација. Во првото коло на Австралија Опен таа победи со 7-6 (7-5) и 6-3 и се пласираше во следното коло.
 
„Беше тешко. Таа играше многу добро и јас бев нервозна за денешниот меч, бев малку шокирана кога ја видов ждрепката, но за среќа поминав понатаму. Се чувствувам одлично. Ми се допаѓа теренот и публиката“, изјави младата Гоф.
 
За разлика од Венус, Серена Вилијамс без проблеми помина во следното коло откако со 6-0 и 6-3 ја совлада Потапова.
 
Пласман понатаму обезбеди и Возњацки која со 6-1 и 6-3 ја совлада Американката, Ан. Квитова буквално ја уништи Шинакова со само еден загубен гејм.
 
Наоми Осака со 6-2 и 6-4 беше подобра од Бузкова.

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе