Скандал во Финска

Кој лаже? Атлетичарката со 16 години за која зборува цел свет (ФОТО)

Во Финска се одржува Светското првенство во атлетика за атлетичари до 20 години а по првиот ден голема контроверзија предизвика Гримавит Гебрзихаир од Етиопија

За тоа дека спортистите од Африка често знаат да излажат за своите години е добро познато, но последниот случај се чини дека ги надминува сите граници.

Тампере и Финска се домаќини на Светското првенство во атлетика за атлетичари до 20 години, а по првиот ден од натпреварувањето голема контроверзија предизвика Гирмавит Гебрзихаир, која сигна до бронзата на трката на 5.000 метри.

Според Меѓународната атлетска федерација (ИААФ) таа е родена на 21. ноември 2001 и има 16 години. Но на социјалните мрежи веднаш се крена голема прашина бидејќи според сликите и нејзиниот изглед, Гирмавит Гебрзихаир изгледа многу постаро.

Правилата на ИААФ налагаат годините на секој натпреварувач детално да бидат проверен, но и покрај тоа постои голем сомнеж.

Можевме и требавме, преку соодветните локални власти и во соработка со МНР и Министерството за култура, оваа манифестација да ја направиме меѓународна.

повеќе

Еден проблем кај Трамп е тоа што му е опсесија да изгледа „силен".

повеќе

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе