петок, 26 април 2024

Британскиот крал се враќа на должностите, не се знае колку ќе трае лекувањето

Британскиот крал Чарлс Трети ќе се врати на кралските должности по охрабрувачкиот напредок во лекувањето на ракот, соопшти Бакингемската палата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тоа сè уште не значи целосно враќање на службените должности, но палатата испраќа позитивни сигнали, пишува Би-би-си.

Чарлс во вторник ќе замине во симболична посета на Центарот за лекување рак. Ќе се сретне со персоналот и пациентите и ќе изрази поддршка на истражувањата за лекување рак.

Во јуни, пак, ќе им биде домаќин на јапонските цар и царица.

„Прерано е да се каже колку ќе трае неговото лекување“, соопштиле извори од кралската палата за Би-би-си.

Не се знае од кој вид на рак боледува Чарлс, но неговиот тим е задоволен од неговиот напредок.

Веста за враќањето на кралот на службените должности ја сподели и британскиот премиер Риши Сунак на социјалните мрежи: „Одлични вести за крајот на неделата!“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ