Дали се на повидок посветли денови во пливањето?

Ќе се смири ли бурата во македонското пливање, новото раководство го обвинува старото дека им се меша во работата

На прес конференција, новиот претседател на „Националната пливачка федерација“, Александар Филипчев ги соопшти целите на раководството, ја образложи промената на името на федерацијата и напомена дека имаат проблеми со старото раководство.

Водечките клубови во македонското пливање незадоволни од работата на претходното раководство, на вонредно собрание кое се одржа на 24 април донесоа неколку одлуки меѓу кои и промена на претседател и ново раководство. На местото на Александар Маленко беше поставен Александар Филипчев.
 
На денешната прес конференција меѓудругото, Филипчев потенцираше дека се уште имаат проблеми со старото раководство на федерацијата.
 
„Наидуваме на проблеми со старото раководство меѓу кои користење на печати кои не постојат, лажирање на одлуки со лажно претставување, суспендирање на пливачи“, вели претседателот Филипчев.
 
„Напoменуваме дека проблеми во пријавување на пливачи и вреднување на резултатите веќе нема да има, Македонија секогаш ќе ја претставуваат најдобрите пливачи, а не како досега да има проблеми со пријавите на Марко Блажевски (Светско првенство) и Евгениј Поп Ацев, како и останатите проблеми поврзани со учество на големи натпреварувања“.
 
По смената на претседателот и раководството, Александар Маленко формираше нова федерација именувајќи ја како „Пливачка федерација на Северна Македонија“. За ФИНА Александар Маленко се уште е претседател на пливањето во Македонија, но раководството предводено од Филипчев испратило допис до меѓународната пливачка федерација со кој ја објаснува ситуацијата во македонското пливање и информира за новата состојба, по што очекува во најскоро време тоа да биде променето.
 
На прес конференцијата Александар Филипчев ја образложи и промената на името на федерацијата која од „Пливачка федерација на Македонија“ стана „Национална пливачка федерација“.
 
„Со уставните измени а по препорака од МНР, преку АМС е проследено упатство за промена на имињата на федерациите. Па така од 24 април ПМФ се преименува во Национална пливачка федерација (НПФ). НПФ е континуитет на нешто што трае преку 60 години и како таква е единствената федерација за спортови на вода на територија на Република Македонија признаена од АМЦ, Централен регистар, ФИНА и ЛЕН. Не се работи за двојна федерација или паралелна федерација“.
 
Филипчев ги образложи и целите на новото раководство.
 
„Раководството на оваа федерација има поставено неколку цели меѓу кои прва е деблокирање на сметката на федерацијата“.
 
„Исто така во целост ќе го следи исполнувањето на програмата и планот на федерацијата, а тоа се настап според календарот на НПФ на Европско младинско првенство Казан Русија, настап на Светско првенство во Јужна Кореја, настап на младинско европско првенство во далечинско пливање, настап на младински Олимписки фестивал, како и организирање на Охридскиот маратон од гран при серијата како и охридски маратон од светски куп на 10 км“.
 
„Треба да го напоменеме и успешниот настап на пливачката Миа Блажевска Еминова на КОМЕН купот како единствена пливачка од Македонија ни го донесе одличното 12 место“.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе