На љубителите на мотоспорот добро им е позната патеката Муџело, која секоја година носи возбудливи трки во Мото ГП. Поради пандемијата на коронавирус, Муџело отпадна од календарот на Мото ГП, но затоа пак се пружи друга прилика.
Формула 1 денеска соопшти дека Муџело ќе биде домаќин на гран-при викенд во септември. Во минатото имало тестови на оваа патека, но ова ќе биде прв пат Муџело да организира Ф1 трка.
За очекување е голем спектакл, а ќе има и голема симболика, со оглед на тоа дека патеката е во сопственост на Ферари и тимот од Маранело тогаш ќе слави огромен јубилеј и трката број 1.000 во светското првенство.
Трката во Муџело на програмата ќе биде на 13. септември, а за две недели подоцна во календарот е вметната ГН на Русија во Сочи.