Супербоул 55 ги има сите состојки за спектакл, на едната страна ќе биде легендарниот Том Брејди со Тампа Беј, а на другата еден од најдобрите млади квотербекови, Патрик Махомс и актуелниот шампион Канзас Сити.
43 годишниот Том Брејди, кој изгради династија во Њу Ингланд, наместо да оди во пензија, се реши за еден последен предизвик во кариерата, минатото лето се пресели во Тампа Беј и уште еднаш покажа колку е голем.
Синоќа, во дуел на двајца легендарни квотербекови, Том Брејди ја доби битката со Арон Роџерс, Тамба Беј на гости го совлада Грин Беј со 26-31, па „баканирс“ за прв ќе настапат на Супербоул по 18 години.
Финалето, кое е закажано на 7. февруари, ќе се игра во Тампа Беј и „баканирс“ ќе бидат првиот тим во историјата на НФЛ кој ќе игра Супербоул на домашен терен.
За Том Брејди ова ќе биде 10-ти настап на Супербоул и ќе го брка седмиот трофеј „Ломбарди“. Двате достигнувања се рекордни, но задачата воопшто нема да биде лесна, на спротивната страна ќе го има Патрик Махомс и актуелниот шампион Канзас Сити.
Популарните „чивс“ без многу проблеми го совладаа Бафало со 38-24 и откако пет децении чекаа за настап на Супербоул, сега ќе играат два во две години и ќе имаат прилика да бидат првиот тим по Њу Ингланд (2004 и 2005) кој успеал два пати по ред да го подигне трофејот „Ломбарди“.