Му се заканува суспензија од 16 недели

Кирјос шест месеци ќе треба да биде мирен како бајче, да работи со психолог на терените но и надвор од нив

АТП му одреди дополнителна казна на проблематичниот Ник Кирјос, Австралијанецот доби суспензија од 16 недели која е условна и ќе зависи од неговото однесување во следните шест месеци.

Контроверзниот тенисер изминатиот период имаше неколку испади на турнејата во Северна Америка, а за глупостите кои ги направи во Синсинати доби рекордна парична глоба од 113.000 долари.

Но АТП не застана тука и дополнително под лупа го стави неговото однесување. Асоцијацијата на тениски професионалци денес објави дека е изречена нова казна.

Ник Кирјос ќе треба да плати 25.000 долари, а доби и суспензија од 16 недели. Сепак оваа сакнција е условна, и ќе стапи на сила само доколку тенисерот има нов испад.

Тоа значи дека Австралијанецот во следните шесет месеци треба да биде мирен како бајче, не смее да го прекрши кодот, да влегува во вербални или физички расправии со гледачите, не смее да се однесува неспортски, на пример да плука кон гледачите, судиите или други лица на теренот и не смее да биде непристоен и безобразбен во разговорите со судиите.

Ник Кирјос исто така ќе треба да работи со психолог за време на мечевите, а за време на паузата во месец ноември и декември, исто така ќе треба да оди на терапија и да бара помош од лица кои се специјализирани во областа на менаџирање на однесувањето.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе