Контроверзниот Австралијанец испрати порака

Кириос соопшти дека нема да игра на УС Опен и не пропушти да го „пецне“ Ѓоковиќ

Ник Кириос се повлекува од УС Опен поради пандемијата на коронавирус, контроверзниот Австралијанец исто така реши уште еднаш да го „пецне" Новак Ѓоковиќ и тенисерите кои настапија на „Адрија тур".

САД е една од државите најмногу погодени од коронавирусот, но и покрај тоа ќе биде одржан УС Опен. Добар дел од тенисерите се резервирани, пред неколку дена, совјот настап го откажа првиот рекет кај дамите, Ешли Барти а истото сега го стори и Ник Кириос. 

Контроверзниот Австралијанец соопшти дека нема да се појави во Њујорк, и ја искористи оваа прилика уште еднаш да го „пецне“ Новак Ѓоковиќ и организацијата на „Адрија Тур“.

„Ајде најпрво да се присетиме што е важно, а тоа е здравјето и безбедноста на заедницата. Можеме да го обновиме спорот и економијата, но никогаш нема да ги вратиме изгубените животи. Немам ништо против тоа што се организира УС Опен, и доколку тенисерите сакат да отпатуваат таму и да настапат, тоа е нивно право. Се додека сите се однесуваат според правилата и безбедно... Никој повеќе од мене не сака тие луѓе таму да ги зачуваат своите работни места. Зборувам за луѓето кои работат во рестораните, кои чистата, придружниците во соблекувалните. Ова се луѓето на кои работата им е од огромно значење и се надевам дека се добро“ - вели Кириос. 

„Но тенисерите... Не можете да трчате по пари низ Европа, да играте качени на маси и столови, или да се обидете набрзина да заработите пари со организација на егзебициони турнири. Тоа е себично. Барем еднаш помислете на другите луѓе. Во тоа се работи и околу овој вирус. Не го интересира кое место сте на ранг листата и колку пари имате. Однесувајте се одговорно“. 

„Оваа година нема да настапам на УС Опен. Ме боли до срж... но ќе го прескокнам турнирот поради сите луѓе ширум светот, поради моите Австралијанци, поради стотиците илјади починати Американци. Тоа е мојата одлука, без разлика дали ќе ви се допадне или нема“.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе