АТП МАСТЕРС СИНСИНАТИ

Киријос и Димитров во финалето во Синсинати

Ник Киријос и Григор Димитров ќе се борат за трофејот на Мастерс турнирот во Синсинати.

По победата над Надал, Киријос во два сета го совлада и Давид Ферер, но триумфот не беше убедлив. И двата сета завршија по тајбрејк, 7-6 (4) и 7-6 (3).
 
Идентично заврши и мечот помеѓу Димитров и Иснер, бугарскиот тенисер победи во два сета кои завршија со тајбрејк, 7-6(4) и 7-6(10).
 
Финалето помеѓу Киријос и Димитров се игра вечерва со почеток од 22 часот.

Премиерот имаше добра прилика во највисокиот светски политички форум, поексплицитно да ги образложи причините за спорот за името.

повеќе

Сферата на локалните јавни финансии претставува многу погодно поле за соработка на локалната власт со приватниот сектор.

повеќе

Драги пратеници, помислете добро пред да притиснете копче за двојазична Македонија.

повеќе