Скопски маратон

Кенијците доминираа на „Скопскиот маратон“, втори места за Ивановски и Кираџиева

Онезмус Киплагат од Кенија е победник на „Скопскиот маратон" 2022 година, тој патеката долга 42 километри низ главниот град на Македонија ја мина со време од 2:18:19 часа.

Кенијците доминираа на „Скопскиот маратон“, Онезмус Киплагат и Катерин Черотич победија во машка, односно женска конкуренција.

Онезмус Киплагат делницата долга 42 километри низ главниот град на Македонија ја мина со време од 2:18:19 часа.

Зад него финишираше најдобриот македонски атлетичар, Дарио Ивановски, кој задоцни пет минути, односно имаше време од 2:23:07 часа. На победничкиот подиум имаше место за уште еден Македонец, Никола Илиевски.

Кај маратонките, Катерин Черотич победи со време од 2:38:48 часа, додека второпласирана беше Билјана Кираџиева со време од 3:04:29. Победничкиот пиедестал го комплетираше Тамара Попов.

 

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе