Испишана е нова историја

Кениецот Кипчоге постави нов светски рекорд во маратон

На денешниот маратон во Берлин, Кениецот Елиуд Кипчоге го собори светскиот рекорд и со постигнување од 2:01.40 испиша нова историја.

Големо постигнување на Елиуд Кипчоге, 33 годишниот атлетичар од Кенија денеска постави нов светски рекорд во маратон. Тој го подобри времето на Денис Кимето од пред четири години за 77 секунди и со постигнување од 2 часа, 01 минута и 40 секунди испиша историја.

Неговиот успех е поимпресивен доколку во предвид се земе и фактот дека тој последните 17 километри ги трчаше без пејсмејкер.

„Немам зборови да го опишам ова“ - рече Кипчоге откако постави нов светскиот рекорд. „Беше навистина тешко. Бев подготвен да трчам своја трка па не бев изненаден што останав сам. Тренирав многу добро за оваа трка и имав целосна доверба во програмата на моите тренери. Пресреќен сум што конечно успеав да го соборив рекордот, никогаш не престанав да верувам во ова“.

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе

Придобивките од дрвјата за урбаниот екосистем и квалитет на воздухот можат да се зголемат со систематско планирање на зелениот простор. Дизајнирањето на зелените простори во градовите треба да ја опфати и функцијата за чистење на воздухот.

повеќе

На Грците не им е важно дали вечно ќе ја нарекуваат соседната земја „Скопје“, или дали соседите утре сами ќе почнат да се нарекуваат „Република на Осамениот Бор“. Она што ним навистина им е важно е како ја нарекува остатокот од светот.

повеќе