ОЛИМПИСКИ ИГРИ РИО 2016

Катинка Хосу освои злато и постави нов светски рекорд на 400 метри мешано

„Челичната лејди“ како што ја викаат унгарката Катинка Хосу го подобри светскиот рекорд на 400 метри мешано за речиси две секунди.

Хосу ја исплива трката за 4:26.36 минути, сребрениот медал го освои Маја Дирадо од САД со време од 4:31.15, бронзена беше шпанката Миреиа Белмонте Гарсија со резултат од 4:32.39.
 
Претходно рекордот го држеше Је Шивен од Кина со време од 4:28.43. Што значи дека рекордот е подобрен за повеќе од две секунди.
 
„Не сакав само да го срушам рекордот. Сакав да го разбијам“ - беше изјавата на Хосу по трката.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе