Формула 1

Катастрофална стратегија на Ферари, Верстапен победи во Унгарија со старт од 10-та позиција!

Макс Верстапен се радува на победа на ГН на Унгарија, Холанѓанецот прв мина низ целта и покрај тоа што стартуваше од позицијата број 10, Луис Хамилтон и Џорџ Расел се искачија на пиедесталот.

Катастрофална стратегија на Ферари, тимот од Маринело не само што остана без победа во Унгарија, не беше ниту помеѓу трите најбрзи болиди.

Макс Версапен со одлично возење и имплементирање на замислите на неговите инженери се радуваше на голема победа ако во предвид се земе тоа дека во Унгарија нема многу простор за претекнувања а Холанѓанецот стартуваше од позицијата број 10.

Луис Хамилтон финишираше како втор, додека пак последното место на пиедесталот му припадна на Џорџ Расел, кој беше во водство во првата третина од трката.

Карлос Саинц заврши како четврти, а Шарл Леклер мораше да задоволи со финиш на шестата позиција, зад Серхио Перез. Во бодови уште завршија Ландо Норис, Фернандо Алонсо, Естебан Окон и Себастијан Фетел.

 

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе