Тимот од Маранело наместо да се радува на четврата победа во низа, доживеа катастрофа во Сочи. Трката започна одлично, Себастијан Фетел со извонреден старт го помина Хамилтон а потоа и Леклер и црвените болиди беа на чело на колоната.
По една срамна епизода на комуникација преку радиото и наредба Фетел да го пушти напред Леклер, падна договор рокадата да биде напревена подоцна, по што возачите на Ферари почнаа да билдаат предност.
И се беше според планот се до влегувањето на Фетел во бокс, набрзо потоа откажа нешто во неговиот болид и тој мораше да се паркира крај патеката. За малерот да биде поголем, неговото излетување предизвика виртуелно безбедносно возило, па Хамилтон без проблем направи пит стоп и ја зачува првата позиција.
Веднаш потоа излезе и безбедносно возило по сударот на Расел, а Леклер реши да се коцка и да влезе по свежи меки гуми и покрај тоа што значеше дека ќе назадува една позиција и ќе се најде зад Ботас.
Во Ферари очигледно сметаа дека ќе успеат на патеката да го поминат финецот а потоа и да атакуваат на Хамилтон, но Ботас се покажа како тврд орев па Мерцедес на крајот стигна до еден-два победа, а Леклер мораше да се задоволи со последното место на пиедесталот.
Потоа следуваа Верстапен и Албон од Ред Бул, а во бодови уште завршија и Саинц, Перез, Магнусен, Норис и Хулкенберг.