Катастрофа за Ферари во Баку, прва победа за Верстапен во Азербејџан

Макс Верстапен го предводеше Ред Бул до еден-два победа на ГН на Азербејџан откако Ферари доживеа катастрофа, откажаа моторите на Шарл Леклер и Карлос Саинц.

Макс Верстапен се радува на прва победа во Баку, актуелниот шампион сега има 21 бод предност во однос на тимскиот колега Серхио Перез и 34 во однос на Шарл Леклер.

Ферари има ден за заборав откако најпрво откажа болидот на Карлос Саинц, за потоа да се случи нов пех и даоткаже и моторот на Шарл Леклер, во момент кога возачот од Монако беше прв.

Па наместо љубителите на Формула 1 да гледаат нова тесна битка помеѓу Шарл Леклер и Макс Верстапен, Холанѓанецот имаше рутинска трка и без многу проблеми стигна до победа.

Серхио Перез мораше да се задоволи со второ место, и покрај тоа што ја поведе трката по добриот старт.

Последното место на пиедесталот му припадна на Џорџ Расел, кој имаше уште една солидна трка. 

Во бодови уште завршија Луис Хамилтон, Пјер Гасли, Себастијан Фетел, Фернандо Алонсо, Даниел Рикардо Ландо Норис и Естебан Окон.

Римскиот политичар и филозоф, Марк Тулиј Цицерон, во I век пред н.е. укажал дека „кога немате основа за аргумент, злоставувајте го тој што ве обвинува“.

повеќе

Со појавата не енергетската криза многу земји отстапија од зацртаните планови за намалување на емисиите на стакленички гасови.

повеќе

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе