Рели Дакар 2020

Карлос Саинц по трет пат победник на Дакар, Фернандо Алонсо заврши како 13-ти во дебито

Карлос Саинц е победник на 42-то издание на релито Дакар, Шпанецот беше поумешен од Насер Ал Атијах и Стефан Петерхалсен, Фернандо Алонсо во своето деби заврши како 13-ти.

Утрово заврши релито Дакар 2020 кое оваа година се одржуваше во Саудиска Арабија. 57 годишниот Карлос Саинц по трет пат се радува на успех, Шпанецот сo свoетo Мини финишираше со 6 минути и 21 секунда предност во однос на бранителот на титулата Насер Ал Атијах.

Третото место му припадна на Стефан Петерхалсен, кој на две и четири тркала има дури 13 титули на Дакар.

Двократниот Формула 1 шампион, Фернандо Алонсо имаше сосема солидно деби, со еден подиум и финиш како 13-ти.

Во конкуренција на мотори, Рики Брабек со Хонда стана првиот Американец кој триумфирал во оваа конкуренција.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе