На ЕП учествуваа 1.155 каратисти од 52 држави

Каратистите Костов и Ацковски се вратија со бронза од ЕП во Будимпешта

Со бронзени медали на Европското првенство во Будимпешта, Унгарија се закитија македонските каратисти во борби, Бојан Костов во категоријата јуниори (до 55 кг) и постариот јуниор Роберто Ацковски (до 67 кг). За Костов оваа награда следи по освоеното сребро во Данска на ЕП, 2019, како и среброто на СП 2019 во Чиле, но тогаш како кадет. За Ацковски ова е прв медал во оваа конкуренција.

На ЕП учествуваа 1.155 каратисти од 52 држави во 35 категории, а боите на Македонија ги бранеа 10 кадети, 11 јуниори и 11 постари јуниори, како и во кати екипно.

 

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе

Во време кога пандемијата на коронавирусот и понатаму е вон контрола, најдобар економски исход на кој би можеле да се надеваме е рецесија која ќе биде подлабока од онаа со финансиската криза во 2008 година. 

повеќе