Формула 1

Канада, САД, Мексико и Бразил шкртнати од листата, Формула 1 договори нови три трки

Формула 1 попладнево соопшти дека се откажуваат трките во Канада, САД, Мексико и Бразил, но затоа пак календарот ќе биде збогатен со три нови трки во Европа.

Поради пандемијата на коронавирс, оваа сезона нема да има трки во Северна и Јужна Америка, попладнево беше соопштено дека се откажуваат трките во Канада, САД, Мексико и Бразил.

Во исто време, календарот беше збогатен со три нови трки во Европа. Љубителите на Ф1 повторно ќе уживаат во трки на Нирбургринг и Имола, а за прв пат домаќин ќе биде и патеката Портимао во Португалија.

Формула 1 се надева дека во следниот период ќе потврди уште неколку нови трки и ќе се стигне до посакуваната бројка од 15 до 18 трки во 2020 година.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе