Велосипедската трка околу Шпанија и помогна на полицијата

Камерите на Вуелта „уловија“ марихуана на покривот на една зграда, запленети 40 стебла (ВИДЕО)

Преносот од хеликоптер на велосипедската трка околу Шпанија, популарната Вуелта, помогна полицијата да заплени 40 стебла марихуана во малото градче Игвалада.

Во саботата се возеше осмата етапа од велосипедската трка околу Шпанија, а будното око на фановите придонесе полицијата да изврши акција и да заплени 40 стебла марихуана.

Еден кадар од хеликоптер на популарната Вуелта ги „запали“ социјалните мрежи и љубителите на овој спорт посочуваа дека на покривот на една зграда во малото градче Игвалада има плантажа на марихуана.

Полицијата веднаш реагираше, изврши претрес на локацијата и заплени 40 стебла.

„Преку социјалните мрежи добивме информации дека има плантажа со марихуана на покривот на една зграда во Игвалада. Започнавме истрага, која се уште е во тек, и запленивме 40 стебла. Во моментов нема уапсени лица"  – вели портпаролката на полицијата.

Според шпанските закони, за производство и трговија со недозволни супстаниции казната може да биде од 3 до 6 години затвор, како и парична глоба која е трипати поголема од вредноста на запленетата дрога.

Навивачите на Шкендија, „балистите“, уште еднаш ќе навиваат против земјата во која живеат. Овојпат нивната поддршка ќе ја има Косово, кое на 26 март во Скопје ќе излезе на исклучително важен дуел против Македонија.

повеќе

Не ми се верува дека кај нас некој си одбор дебатирал и одлучувал за ова ребрендирање. Повеќе ми личи на пост-празнична летаргија.

повеќе

Потребна е промена на Законот за влада и на Изборниот законик, со која ќе се воведе правилото избор на автентична техничка влада која би владеела за време на изборниот процес, од распуштањето на парламентот до формирањето нова влада односно за време на изборната кампања.

повеќе