Мадрид

Калин Ивановски ќе игра во финалето на турнирот во Мадрид

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски со 2-1 во сетови го победи Сидане Понтјодикромо од Холандија и се пласираше во финалето на ИТФ фјучрс турнирот во Мадрид. 

Мечот траеше речиси два часа. Ивановски првиот сет го доби со 6-4, но во вториот изгуби убедливо со 6-1.
 
Сепак Македонецот собра сили и психолошки се врати во мечот, третиот решавачки сет го доби со 7-5 и победи со 2-1 во сетови.
 
Во утрешното финале Калин Ивановски ќе игра против Британецот Марк Вајтхаус.

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе

Влијанието на корупцијата врз економијата е значајно. Корупцијата може да доведе до неефикасност и погрешна распределба на ресурсите, да ги обесхрабри странските инвестиции и да ја поткопа конкурентноста на фирмите.

повеќе