АТП финале Лондон

Каков меч: Надал се врати од 1-5 во третиот сет и го победи Медведев!

Рафаел Надал со неверојатен камбек во третиот решавачки сет го победи Данил Медведев и ја оствари првата победа на завршниот турнир во Лондон. 

Уште еден меч за паметење на завршниот АТП турнир во Лондон, овој пат во главна улога беше Рафаел Надал.
 
Мечот не почна најдобро за Надал, по многу борба во првиот сет Медведев го зема со 7-3 во тајбрејкот и поведе со 1-0.
 
Вториот сет Надал го доби со 6-3 со два загубени сервис гејма на Медведев.
 
Вистинската драма се случуваше во третиот, решавачки сет. Во него Медведев водеше со 5-1 и речиси и да немаше кој не помисли дека тој ќе го добие мечот, но Надал немаше намера да се предаде, зема пет гејма по ред и поведе со 6-5, рускиот тенисер успеа да се совземе и да го добие следниот гејм, па мечот се решаваше во тајбрејк. Во него Надал победи со 7-4 и доби еден епски меч.
 
Ова беше прва победа на Надал, во последното коло против Циципас ќе решава за пласман во полуфиналето.

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе