Формула 1

Како дете се сликаше со Хамилтон, сега ќе му биде тимски колега: Расел потпиша за Мерцедес (ФОТО)

Џорџ Расел ќе му биде тимски колега на Луис Хамилтон во 2022 година, по три импресивни сезони во Вилијамс, младиот Британец доби шанса да покаже што умее во Мерцедес.

Откако синоќа беше соопштено дека Валтери Ботас заминува од Мерцедес и се сели во Алфа Ромео, попладнево беше потврден неговиот наследник. Младиот Џорџ Расел ќе добие шанса да покаже што умее во болидот на „сребрената стрела“.

„Ова е специјален ден за мене, како лично, така и професионално. Возбуден сум што ќе му се придружам на Мерцедес следната сезона, тоа е огромен чекор напред во кариерата, но во исто време тоа значи дека им кажувам збогум на соработниците и пријателите во Вилијамс. Ми беше чест да работам покрај секој член на овој тим, и чест да возам за Вилијамс во Ф!“ – вели Џорџ Расел.

Тој следната сезона ќе биде шестиот и најмлад тимски колега на Луис Хамилтон. Интересно, Џорџ Расел како дете се има сликано со Луис Хамилтон, а сега ќе дели гаража со големиот шампион.

„Сакам да му посакам добредојде на Џорџ Расел во тимот. Преку напорна работа го заслужи местото. Со нетрпение чекам да видам како ќе продолжи да бележи прогрес со овој голем тим и ќе соработуваме за Мерцедес да го искачиме на едно повисоко ниво. Се гледаме следната година“ – напиша Луис Хамилтон на социјалните мрежи.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе