Лига на шампиони

Јакобсен: Подготвени сме за Вардар

Тренерот на Рајн Некар, Николај Јакобсен кој стана Светски шампион со Данска, има пофалби за Вардар, но верува во победа на неговиот тим.

Вардар утре ја продолжува битката во Лигата на шампионите, со почеток од 19 часот му гостува на Рајн Некар.
 
„Разочаран сум што го загубивме тој натпревар во Скопје, но таму е навистина тешко да се игра, имате притисок од сите страни. Одигравме добро на тој меч“, вели Јакобсен.
 
„Во нашата група сите тимови се силни. Вардар игра многу добра сезона засега. Проблем за нас е што ќе играме без повредените Штефен Фет и Јаспер Нилсен. Добра вест е што Гудјон Валур Сигурдсон полека се враќа од повредата на коленото“.
 
„Атмосферата е добра, трениравме добро во изминатите денови. Подготвени сме за дуелот со Вардар“.

Би било добро роднините да не бидат жртви и да има повеќе повици кон роднините – функционери.

повеќе

Oд човекот кој успеа со сосема нова партија да го наруши целовековниот монопол на ПАСОК и Неа демократиа на грчката политичката сцена, може да се очекува буквално сѐ.

повеќе

Останува да видиме дали овој состав на Судот, кој дефинитивно е кадровски и професионално најслаб во досегашната наша државно-правна историја по осамостојувањето, ќе смогне сили за конечно да го пресече Гордиевиот јазол околу вака шверцуваната двојазичност.

повеќе