Мадрид Опен

Изненадување во Мадрид, Зверев стана првиот Германец кој го победил Надал на земја

Александар Зверев се пласираше во полуфиналето на Мадрид Опен откако попладнево приреди изненадување и со 2-0 (6-4, 6-4) во сетови го совлада фаворитот Рафаел Надал.

Александар Зверев стана првиот Германец кој го победил Рафаел Надал на земја, попладнево го изненади фаворитот и го совлада со 2-0 (6-4, 6-4) во сетови на Мадрид Опен.

Рафаел Надал добро го почна мечот и имаше водство од 2-4, но Александар Зверев одговори на најдобар можен начин, ги освои следните четири гејма и го доби првиот сет со 6-4.

Во вториот сет имаше изедначена борба, клучниот момент се случи во петтиот гејм кога Александар Зверев направи брејк и го чуваше водството до крај за 6-4.

„Ова дефинитивно е една од најголемите победи во мојата кариера. Да се победи Рафа на земја, тоа е најтешкото нешто во тенисот. Тоа што го победив дома, во Шпанија, е неверојатно“ – рече Александар Зверев по крајот на мечот.

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе