Вимблдон

Изненадувања на првиот ден на Вимблдон, Циципас, Зверев, Монфис и Димитров во аут

Неколку големи изненадувања се случија уште во првиот ден на Вимблдон.

Младиот Стефанос Циципас важи за еден од најнадежните тенисери и имаше блескави партии до неодамна, но денеска доживеа пораз од Фабиано.
 
Гркот е шести на АТП ранг листата и беше седми носител на Вимблдон, влезе како голем фаворит против Фабиано, но загуби во пет сета. Италијанецот победи со 6-4, 3-6, 6-4, 6-7 и 6-3.
 
Александар Зверев беше шести носител на Вимблдон, а е на петтото место на АТП листата, но денеска со 3-1 во сетови загуби од Весели кој е 124 место. Чехот победи со 4-6, 6-3, 6-2 и 7-5.
 
Монфис имаше водство од 2-0 (7-6 и 6-3)во сетови против Хумбер, но неговиот сонародник израмни на 2-2 (6-4 и 7-5). Во петтиот сет Монфис го предаде мечот при водство на противникот од 3-0 поради повреда.
 
И Григор Димитров беше огромен фаворит против французинот Моуте, и имаше водство од 2-0 во сетови, но загуби со 3-2. 6-2, 6-3, 6-7, 3-6, 1-6.
 

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе