Формула 1

Излетувања, безбедносно возило и два пати црвено знаме, Хамилтон најдобар на хаосот во Муџело

Луис Хамилтон стигна до победата број 90 откако најдобро се снајде на ГН на Тоскана, Британецот мина прв низ целта пред тимскиот колега Валтери Ботас и Алекс Албон од Ред Бул.

Мерцедес доминираше и во Муџело, еден-два победа за „сребрената стрела“ со Луис Хамилтон прв низ целта.

Валтери Ботас успеа да го претекне својот тимски колега на стартот, но Финецот не остана многу на чело на колоната и немаше прилика да билда предност откако веднаш излезе безбедносното возило поради судар во кој беа инволвирани Макс Верстапен, Пјер Гасли и уште неколку возачи.

Кога безбедносното возило се тргна, наместо трка, се случи голем инцидент. Болидите на крајот од опашката лошо ја проценија ситуацијата, тргнаа во офанзива кога напред Ботас „правеше осмици“ па Џовинаци се заби во болидите до себе и ги исфрли Саинц, Латифи и Магнусен а трката беше стопирана.

По-рестарт, Луис Хамилтон го претекна Валтери Ботас во свиокот број 1 и почна да билда предност.

Неизвесноста се врати во финишот кога Ленс Строл изгуби контрола и се заби во бариерата, па трката одново беше стопирана и следуваше нов ре-старт. Но наместо Валтери Ботас да му парира на Луис Хамилтон, Финецот загуби позиција од Даниел Рикардо која потоа успеа да си ја врати, но не можеше да се замеша во битката за првото место.

Зад двајцата возачи на Мерцедес, Алекс Албон го претекна Даниел Рикардо и се избори за последното место на пиедесталот.

Во бодови уште завршија Серхио Перез, Ландо Норис, Дани Квјат, Шарл Леклер, Кими Раиконен и Себастијан Фетел.

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе