АТП ранкинг

Ивановски скокна за 17 места на најновата АТП листа

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски скокна за 17 позиции на најновата АТП листа. 

По победата на турнирот во Мадрид, Ивановски има значителен напредок на АТП листата, македонскиот тенисер сега е на 610. место.
 
Победата на ИТФ Фјучрс турнирот во Мадрид, беше трет трофеј во кариерата на Ивановски кој има само 18 години.
 
На врвот на листата остана Карлос Алкараз, втор е Рафел Надал, а во топ десет се уште и Каспер Руд, Стефанос Циципас, Новак Ѓоковиќ, Феликс Оже-Алиасим, Данил Медведев, Андреј Рубљов, Тејлор Фриц и Хберт Хуркач.
 

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе