Распределба на ваучери

Ивановски се побуни, па АМС ја поправи грешката и му го даде заслуженото

Атлетичарот Дарио Ивановски кој неодамна постави државен рекорд на 1.500 метри, доби ваучер од само 600 евра по што ја искритикува Агенцијата за млади и спорт на социјалните мрежи, па тие брзо се корегираа и му дадоа ваучер од значително поголема сума. 

Агенцијата за млади и спорт ги објави ваучерите кои ги добија клубовите и спортистите, а најголема бура предизвика сумата која ја доби Атлетичарот Дарио Ивановски.
 
Тој преку социјалните мрежи го изрази својот револт за добиените 38.000 денари.
 
„Чекајте да размислам каде да одам да се подготвувам со овие пари... Во 2020 картата од Кенија ме чинеше 90.000 денари. За да трчаш силно треба да тренираш а високо. Па јас можам и тука бе... Зарем кога пчнав да се занимавам со атлетико имав некои придонеси да се подготвувам?! Ќе почнам да трчам училчни трки за да собиирам пари, за да можам да се подготвувам убаво да успеам во спортот“, меѓудругото напиша Ивановски.
 
Брзо по неговата реакција, Агенцијата за млади и спорт ја поправи грешката и наместо 38.000 денари му даде ваучер од 188.000 денари.

Cekajte da razmislam kade da odam da se podgotvuvam so ovie pari... 🤔 A ha. Vo 2020 godina kartata od Kenija me kostase...

Posted by Dario Ivanovski on Thursday, 11 February 2021

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе