Олимписки игри

Италијанецот Џејкобс со европски рекорд стана олимписки шампион на 100 метри

Италијанскиот олимпиец, Марсел Лемонт Џејкобс победи на спринтерската трка од 100 метри и постави најдобро европско време. 

Навозбудливата атлетска дисциплина, трката на 100 метри му припадна на Италијанецот, Марсел Ламонт Џејкобс.
 
Тој делницата од 100 метри ја претрча за време од 9,80 секунди со што постави нов европски рекорд.
 
Зад него беше Фред Кирли од Америка кој го освои среброто, а бронзата оди за Канаѓанецот, Андре де Грас.
 
Интересно, Џејкобс денеска двапати го урна европскиот рекорд, прво во полуфналната трка која ја истрча за 9,84 секунди, а во финалето го подобри и тоа време.
 
 
Џејкобс победата ја прослави заедно со Италијанецот, Џанмарко Тамбери кој заедно со Катарецот, Баршим го поделија златото во скок во височина со прескокнати 2,37 метри. Бронзата ја освои Белорусинот, Максим Недосеков кој скокна исто така 2,37 метри, но повеќе пати ја бутна летвичката во претходните обиди.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе