АТП ранг листа

Историски ден, Ѓоковиќ го помина Федерер и стана тенисерот кој најдолго време бил на врвот

Новак Ѓоковиќ дојде до неверојатен рекорд, тој од овој понеделник е тенисерот кој најдолго бил на првото место на АТП листата, вкупно 311 недела. 

310 недели на првото место на Роџер Федерер изгледаа недостижно, но Новак Ѓоковиќ успеа да го надмине остварувањето на големиот Швајцарец и да стане тенисерот со најдолг престој на врвот.
 
Трет на листата е Пит Сампрас со 286 недели на врвот, потоа следуваат Лендл со 270 и Конорс со 268.
 
Следната цел на Новак Ѓоковиќ е да освои најмногу грен-слем титули, досега тој има 18, а пред него се Федерер и Надал со по 20.

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе