Македонските одбојкари изгинаа за прва победа на Европските првенства

Историска победа на Македонија, Никола Ѓорѓиев ја сруши Белорусија!

Македонската одбојкарска репрезентација на крилјата на капитенот Никола Ѓорѓиев ја оствари првата победа на Европските првенства откако со 3-1 (23:25, 25:19, 29:27, 25:20) во сетови ја совлада Белорусија.

Македонија се радува на историска победа на македонските одбојкари, совладана е Белорусија, посебно блескаше капитенот Никола Ѓорѓиев кој мечот го заврши со фантастични 37 поени.
 
Првиот сет беше изедначен, репрезентациите се менуваа во водство на крајот Белорусија го доби со 25:23. Но, Спартанците не се предадоа, ја кренаа играта во вториот сет кој го добија убедливо со 25:19 и изедначија на 1-1.
 
Неизвесно беше во третиот сет кој се играше на два разлика, Македонија го доби со 29:27, за водство од 2-1. Предноста како да им даде крилја на македонските одбојкари кои одиграа фантастично во четвртиот сет, го добија со 25:20 и радоста за историската победа можеше да почне.
 
Ова е победа со посебна вредност која засекогаш ќе се памети како прва на Европските првенства.
 
Капитенот Никола Ѓорѓиев беше брилијантен, имаше дури 37 поени, голем натпревар имаше и Љафтов со 16 поени.
 
Со оваа победа Македонија освои три бода и се искачи на петтата позиција на табелата, зад нас е Белорусија.
 

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе