Бараат интервенција во спорот помеѓу СА и РАФ

Исинбаева бара помош од Путин: Руската атлетика е на работ на катастрофа!

Двојната олимписка шампионка Елена Исинбаева и многу други руски атлетичари му пишаа писмо на претседателот Владимир Путин и бараат негова интервенција во спорот помеѓу Светска атлетика и Риската атлетска федерација.

Руската атлетска федерација беше казнета со 9 милиони евра поради тоа што ги заташкала допинг контролите на Данил Лисенко, кој се натпреварува во скок во височина.

Половина од оваа сума треба да се плати до 1. јули но се уште нема никаков абер за подмирување на долгот, па многу руски атлетичари, помеѓу кои и двојната олимписка шампионка Елена Исинбаева, решија да му пишат на претседателот Владимир Путин и да побараат негова интервенција во спорот.

Тие алармираат колку е сериозна ситуацијата и предупредуваат дека, „Руската атлетика е на работ на катастрофа“.

Доколку не биде платена казната, руските атлетичари кои се чисти нема да добијат дозовла за настап.

Светската анти-допинг агенција (ВАДА) ја суспендираше Русија за сите големи спортски натпреварувања во наредните четири години. На спортистите кои ќе докажат дека не користеле допинг и ги поминале сите ригорозни тестови им се дозволува настап но под неутрално знаме.

Елена Исинбаева исто така испрати отворено писмо и до првиот човек на Интернационалниот олимписко комитет (ИОК) и првиот човек на Светска атлетика (СА) и ги замолува да ја преиспитаат заканата за забрана за настап бидејќи тоа ќе биде „грубо прекршување на спортските принципи и правата на чистите атлетичари“.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе