Иран

Иран го погуби шампионот во борење, Навид Афкари

Властите во Иран го осудија државниот шампион во борење Навид Афкари на смртна казна која беше извршена утринава. 

Афкари беше уапсен поради учество во протестите против Владата во Иран, наводно тој со нож убил припадник на државните безбедносни сили.
 
Официјално борачот го признал делото, но според неговите најблиски тој бил мачен во затворот за да потпише признание по кое беше осуден на смртна казна.
 
Големи беа ургенциите до Владата на Иран за борачот да биде ослободен. Меѓународната атлетска федерација побара Иран да биде исклучен од сите меѓународни спортски организации. Интернационалниот олимписки комитет побара ослободување за Нвид Афкари.
 
Се вмеша и политиката, и Доналд Трамп побара борачот да биде ослободен. Но и покрај тоа властите во Иран не се предомислија, утринава го погубија Навид Афкари.
 
По овој чин голема е веројатноста спортот во Иран да се соочи со санкции од меѓународните организации.

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе