НПФ уште еднаш потсети на проблемите со кои се соочува

Институциите да го прекинат хаосот во македонското пливање и да го решат случајот со Маленко, децата трпат

Националната пливачка федерација предводена од Александар Филипчев денеска на прес конференција уште еднаш ги потенцираше проблемите со кои се соочуваат поради однесувањето на Маленко и побара од институциите побрзо да го решат проблемот бидејќи од целата ситуација најмногу страдаат децата. 

Александар Филипчев на 24. април стана претседател на пливачката федерација на Македонија која подоцна се преименува во Национална пливачка федерација. Тогаш поради незадоволство на клубовите од состојбата во пливањето беше одржано вонредно собранио на кое беше разрешен Маленко од претседателската функција и на негово место беше назначен Филипчев.
 
„Уште од самиот почеток наидовме на проблеми од старото раководство од Александар Маленко кој лажно се претставува како претседател на неопстоечка Пливачка федерација на Република Северна Македонија, името на ова правно лице не постои ниту во АМС, ниту во Централниот регистар. Лажно се претставува и го користи неважечкиот печат на веќе непостоечката Пливачка федерација на Македонија. Поради овие работи е поднесена и кривична пријава против него, а испративме и барање до МОК да ги превземе сите обврски и да ги признае резултатите на пливачите“, вели Александар Филипчев.
 
Штетите кои ги прави Маленко се непроценливи, Пливачката Миа Блажевска беше отстранета од дефиле и нејзиниот тренер суспендиран на Комен Куп во Бугарија, слични проблеми имаше и Андреј Стојановски во Кипар. Маленко бараше да не се признаат резултатите на нашите пливачи бидејќи не биле регистрирани во неговата федерација. Тој таквата сила ја црпи од фактот што неговото име како претседател се уште е заведено во ФИНА и ЛЕН.
 
Со неважечки потпис и печат Маленко прати допис и до Српската пливачка федерација и бараше да бидат суспендирани македонските млади пливачи кои учествуваа на турнирот во Лесковац.
 
Во организацијата на Охридскиот маратон се користеше поимот Пливачка федерација на Северна Македонија иако таков правен субјект не постои во Централниот Регистар, ниту во Агенцијата за млади и спорт. На учесниците на Охридскиот маратон се уште не им е платена премијата за учество, а поплаките пристигнуваат на адреса на Националната пливачка федерација.
 
Заедно со раководството на МОК, Маленко му ја укина олимписката стипендија на Евгениј Поп Ацев кој годинава направи голем успех победувајќи на ФИНА Ултра Гран При купт.
 
Маленко направи многу штета на македонското пливање, а најмногу страдаат децата. Доколку институциите побрзо не му застанат на патот штетата ќе продолжат да ја трпат македонските пливачи.
 
Националната пливачка федерација прашува до кога институциите на државата ќе го толерираат однесувањето на Маленко. Тие упатуваат апел до Македонскиот олимписки комитет кој три пати е известен за настанатите промени во федерацијата да постапи според фактичката состојба и да упати допис до ФИНА за настанатите промени. И се чудат како може великан во спортот како Владо Богоевски да се впуштаат во такви игри и да ги уништуваат македонските пливачи кои напорно работат во базените.
 
ФИНА има пратено допис до МОК, но раководство на МОК се уште нема испратено писмо за настанатите промени во Федерацијата, а должна е да го стори тоа во интерес на спортот.
 
НПФ упатува и апел до јавното обвинителство каде е процесуирана кривичната пријава против Маленко, да го забрза случајот и тој конечно да добие судска разврска.
 
Филипчев упатува апел и до македонската влада преку институциите како АМС, МОК и др. легитимно да се извести ФИНА за настанатите промени во пливачката федерација.
 
Томи Стефановски не може да сфати како проблемот трае толку долго а може многу едноставно да се реши.
 
„Крајно време е да прекинат овие стресови за децата кои се иднината на нашето пливање. Апелирам до целата држава итно да се заврши со ова кое веќе премногу долго трае. Доаѓаат нови првенства и повторно ќе имаме проблеми и стресови кај децата. Навистина не разбирам што е целата оваа работа. Многу е едноставно. Побарајте кој е во Управниот Одбор на таа федерација, нека се потпишат сите и нека стават печат. Ако нема Управен Одбор, нема федерација, многу е просто“, изјави Томи Стефановски.

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе