Мото ГП

Игра на мачка и глушец, Маркез цела трка возеше зад Квартаро за да го претекне во последнот круг

Марк Маркез е победник во Мизано, Шпанецот триумфираше на ГН на Сан Марино откако мина прв низ целта пред Фабио Квартаро и Маверик Вињалес.

Игра на мачка и глушец во Мизано, Фабио Квартараро водеше практично цела трка, но остана без победа бидејќи зад себе го имаше фантастичниот Марк Маркез. Шпанецот беше трпелив, го темпираше својот напад за последниот круг, и изби на чело веќе на крајот од стартно-целната рамнина.

Квартараро секако дека не сакаше без борба да се откаже од она што го градеше цела трка, возврати во свиокот број четири. Сепак, Маркез покажа зошто доминира изминативе години и на кочење во свиокот 8 го претекна својот помлад колега.

До крајот на кругот Квартараро имаше уште еден обид да си ја врати победата, превзеде ризичен маневар во Курвоне и за малку ќе ја загубеше контролата врз својата Јамаха, но за среќа не падна и финишираше втор зад Маркез.

Последното место на пиедесталот му припадна на Маверик Вињалес, кој стартуваше од пол позиција но денеска немаше темпо да се бори за триумф.

Потоа следуваа Валентино Роси, Франко Морбидели, Андреа Довициозо, Пол Еспаргаро, Жоан Мир, Џекм Милер и Данило Петручи.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе