УС Опен

Ига Швјонтек го освои УС Опен (ВИДЕО)

Најдобрата тенисерка во моментов, Ига Швјонтек со 2-0 (6-2, 7-6 (7-5)) во сетови ја совлада Онс Жабер и ја освои својата трета грен-слем титула, прва на УС Опен. 

Швјонтек ја оправда фаворитската улога против Жабер и релативно лесно го доби финалето на УС Опен.
 
Полската тенисерка беше доминантна во првиот сет кој го доби со убедливи 6-2, во вториот се играше тајбрејк кој го доби со 7-5 и победи со 2-0 во сетови.
 
Со оваа победа Швјонтек ја потврди доминацијата во женскиот тенис, за неа ова беше трет освоен грен-слем турнир, прв на УС Опен, претходните два ѝ беа на Ролан Гарос.
 

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе