Коронавирусот му создаде проблеми

Иџе нема да вози во Муџело: Направивме сè што можевме, но за жал неуспешно

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски Иџе не доби дозвола да влезе во Италија па ќе ја пропушти воведната трка од ТЦР шампионатот.

Овој викенд ќе започне ТЦР Италија шампионатот со трката во Муџело, а свој настап требаше да има и Игор Стефановски Иџе. Македонецот се вбројува меѓу фаворитите за висок пласман, но за жал нема да биде дел од спектаклот на легендарната патека.

Поради кризата со коронавирусот, дел од земјите повторно ги затворија границите за жители на држави кои не се дел од ЕУ, па Игор Стефановски не доби дозвола да отпатува во Италија.

„Направивме сè. До последен момент, очекувавме дека веројатно ќе може да патуваме во Италија и викендов да возам на патеката Муџело“ – напиша популарниот Иџе на социјалните мрежи.

„За жал, денес веќе дефинитивно е јасно, дека на оваа трка нема да учествувам. Направивме сè што можевме. Покриени се сите трошоците за котизација, со цел да може да обезбедиме учество. Го подготвивме автомобилот кој ги има потребните перформанси за трка. Ја контактиравме амбасадата на Италија. Разгледувавме алтернативи, барајќи можност, до последен момент. За жал, безуспешно“.

„Нашата земја се најде на списокот на земји,  чии граѓани поради пандемијата од коронавирусот, добија забранет влез во Италија“.

„Верувам дека во следниот период годинава, јас заедно со мојот автомобил и мојот тим, ќе може да бидеме дел од меѓународните тркачки предизвици. Целата енергија и напори ќе ги фокусираме кон ТЦР шампионатите низ Европа. Силно сум убеден дека ќе успееме да бидеме дел од следните трки“.

Направивме се’. До последен момент, очекувавме дека веројатно ќе може да патуваме во Италија и викендов да возам на...

Posted by Igor Idze Stefanovski on Tuesday, July 14, 2020

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе