АТП финале Лондон

И Надал е поразен, Медведев против Тим во финалето на завршниот турнир во Лондон

Данил Медведев со 2-1 во сетови го победи Рафаел Надал и утре против Доминик Тим ќе се бори за големиот трофеј од завршниот АТП турнир во Лондон. 

Рафаел Надал и покрај тоа што во вториот сет имаше сервис за меч, не успеа да го победи Медведев и да се пласира во финалето.
 
Надал одлично влезе во мечот, го доби првиот сет со 6-3. Главната битка се случуваше во вториот сет. Надал водеше со 5-4 и сервираше за меч, но Медведев направи рибрејк израмни на 5-5, а потоа со 7-4 победи во тај-брејк за 1-1.
 
Во третиот решавачки сет, Надал имаше пад во играта, Медведев го доби сетот со 6-3, победи со 2-1 и утре ќе се бори за пехарот.
 
Во финалето ќе игра против Доминик Тим кој претходно со 2-1 го победи Новак Ѓоковиќ.

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе