ОИ и официјално се одложени

И ИОК потврди, Олимпијадата се одложува за 2021 година

Извршниот олимписки комитет (ИОК) потврди дека денеска е донесена одлука за одложување на Олимписките игри најрано за 2021 година. 

Утринава премиерот на Јапонија, Абе Шинзо најави дека Олимписките игри ќе бидат одложени, а сега потврда стигна и од ИОК.
 
ИОК преку соопштение информираше дека по оддржаниот состанок со организаторот на игрите донесена е одлука тие да бидат одложени најрано за 2021 година.
 
Причина за одложувањето е состојбата со коронавирусот, здравјето на спортистите е на прво место и нема да се ризикува со него.
 
Овие месеци требаше да бидат одржани многу квалификациски турнири за пласман на Олимпијадата, а тоа во моментов е невозможно. Некои од земјите почнаа и да го откажуваат учеството, па одлуката за одложување беше неминовна.
 
Претходно и Европското првенство во фудбал беше одложено за 2021 година, па двата најголеми спортски настани кои требаше да се играат оваа година, се преместени за следната.

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе