АТП Синсинати

И Ѓоковиќ не знае како успеа да го победи Баутиста Агут

Новак Ѓоковиќ со големи маки, во здравствено лоша состојба играше против Баутиста Агут и некако успеа да победи и да се пласира во финалето на турнирот во Синсинати. 

Баутиста и онака важеше за незгоден противник на Новак Ѓоковиќ, во четирите последни меча тој имаше дури три победи, а овој пат проблем за Србинот беше и неговата здравствена состојба.
 
Ѓоковиќ едвај стоеше на теренот, покажуваше големи знаци на замор, имаше проблеми со вратот поради кои имаше и третмани за време на мечот.
 
Првиот сет го доби Баутиста со 6-4, вториот со ист резултат му припадна на Ѓоковиќ. Во решавачиот трет сет, Ноле имаше предност од 5-2, но Баутиста доби четири гејма во серија и поведе со 6-5, сервираше за победа, но Ѓоковиќ се крена во финишот, направи брејк, а после тајбрејкот го доби со перфектни 7-0 и дојде до победата.
 
„Не знам ни јас како успеав да победам. Чуден меч. Баутиста беше подобар на теренот од мене. Не се чувствував добро, но за среќа некако успеав да дојдам до триумф“, изјави Ѓоковиќ по мечот.
 
Тој во финалето ќе игра против Раониќ кој 7-6 и 6-3 го победи Циципас.

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе